Регионални програми

Регионален дијалог во Југоисточна Европа

По повеќе од две децении посветена работа во Југоисточна Европа, ФЕС го потврдува фактот дека предизвиците и проблемите кои сè уште постојат во регионот може најефикасно да се разрешат преку споделена регионална рамка. Нашата заложба за унапредување на основните интереси за демократско консолидирање, социјална и економска правда и мир преку регионална соработка, уште од 2015 се зајакнува преку воспоставување на инфраструктура за координирање на регионалните активности на ФЕС од Сараево, Босна и Херцеговина, наречена Регионален дијалог Југоисточна Европа (Дијалог ЈИЕ).

Дијалог ЈИЕ нуди анализа на заедничките предизвици во регионот и создава адекватни регионални програми и активности во соработка со канцелариите на ФЕС. Нашата работа се одвива во тесна соработка со колегите и партнерите од целиот регион. Активностите се спроведуваат заеднички, под надзор или од канцеларија на ФЕС или на Дијалог ЈИЕ. Нашите регионални иницијативи се развиваат преку следниве три општи работни насоки:

Нашата веб страница обезбедува информации за одделни проекти реализирани под секоја од наведените работни насоки, изминати настани и идни иницијативи.

Повеќе


Работни односи и социјален дијалог

Регионалниот проект на ФЕС за работни односи и социјален дијалог за Централна, Источна и Југоисточна Европа е базиран во Братислава, со канцеларии во Белград и Варшава. Уште од 2000 год. а посебно по глобалната финансиска и економска криза од 2008, сведоци сме на темелно слабеење на европската социјална димензија. Во повеќето земји од регионот сведоци сме на слични трендови: слабеење на социјалната држава, сè помала покриеност на работниците со колективни договори, зголемување на несигурни облици на работа и напади врз синдикалните права. Како резултат на ова, разликите во социјалниот стандард, платите и најпосле, условите за живот во побогатите и посиромашните земји во Европската Унија и соседството стануваат сè подрастични и непомирливи.

Како одговор на овие предизвици, нашиот проект го поддржува јакнењето на синдикалните капацитети и знаења за Европската социјална димензија, негување на мрежите помеѓу синдикатите во регионот и Германија, развојот на синдикални стратегии на организирање во различните сектори и зголемено учество на младите синдикални членови.

Повеќе

Најнови вести и настани

18.03.2019 | Регионални Програми | Настани

Во рамки на проектот Контакти за заедничка иднина (Contacts for common future) на 14-15 март 2019 во посета на Скопје престојуваше група на професори и студе

Студиската посета беше организирана од страна на Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје, Младински сојуз Крушево и УНЕСКО Клубот од Солун.


повеќе

07.11.2018 | Регионални Програми | Настани

Форум на граѓанското општество Скопје 2018

По враќањето во Скопје по две години, во главниот град на државата се одржа привремено издание на Форумот за граѓанско општество на 7-9 октомври 2018...


повеќе

06.09.2018 | Регионални Програми | News

Регионална конференција Вучко 2018

Во периодот од 30ти август до 2ри септември 2018, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт се одржа oсмата Регионална конференција ВУЧКО во...


повеќе

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Ул. Борка Талевски 42/6
1000 Скопје
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org


назад на почеток