Политички дијалог и активности со граѓанскиот сектор

  • Фото: ФЕС Скопје

По дефиниција, политички дијалог се смета дека е „размена на гледишта, што претпоставува присуство на барем два ентитета” – понекогаш тие ентитети се политички партии, понекогаш организации на граѓанското општество, понекогаш се синдикати, и идеално може да бидат комбинација од сите три.

Соработката помеѓу различните видови на ентитети и материјализирањето и користењето на нивните заеднички концепти и стратегии често го дава својот краен резултат во форма на Социјална кохезија – процес кој е целосно поддржан од Фондацијата Фридрих Еберт во Северна Македонија и во сите нејзини канцеларии насекаде во светот.

Политичкиот дијалог и активностите со граѓанскиот сектор се основните столбови кои доведуваат до функционална демократија и се процеси кои треба постојано да се негуваат и одржуваат во секое општество.

Најнови вести и настани

05.12.2018 | Политички дијалог и активности со граѓанскиот сектор | Настани

Алтернативни демократски практики: Премостување на движењата и институциите

Од 5-ти до 7-ми декември се одржа скопското "издание" на "Think Engaged: SEE Academia Dialogue Series", насловено како "Алтернативни демократски...


повеќе

02.10.2018 | Политички дијалог и активности со граѓанскиот сектор | Настани

Фондацијата Фридрих Еберт - канцеларија Скопје потпиша Меморандум за соработка со Владата на Република Македонија

Фондацијата Фридрих Еберт - канцеларија Скопје, на 23-ти август 2018-та година потпиша Меморандум за соработка со Владата на Република Македонија.


повеќе

27.06.2018 | Политички дијалог и активности со граѓанскиот сектор | News

Од шарена револуција до шарена влада – една година за коренити промени во Македонија?

Во Македонија „шарената револуција“ од 2016 год. доведе до нови избори, кои пак, донесоа на власт нова влада. Во мај 2017 год, Социјалдемократскиот...


повеќе

FES Interactive

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Ул. Борка Талевски 42/6
1000 Скопје
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org


назад на почеток