Еднаквост и социјална правда

Општествата каде има поголема еднаквост се поуспешни. Економијата функционира подобро, образовниот систем е поефикасен, во просек, луѓето се поздрави, живеат подолго и се посреќни со можностите кои им ги нуди животот. Оттаму, создавањето на еднакво и поправедно општество е од суштинска важност за државата да почне да се развива и да оди напред. Следејќи ги движечките вредности на социјалдемократијата, ние во ФЕС Скопје ги насочуваме нашите активности на низа прашања кои се поврзани со овие теми.  

Ние работиме за еднакво општество, кое обезбедува еднакви можности и социјална заштита за сите граѓани. Тоа подразбира еднаков пристап до образование, еднаква плата и социјална сигурност но и засилена поддршка за оние групи граѓани кои се запоставени, наместо на оние кои и самите успеваат во животот.   

Борба против сите облици на дискриминација и јакнење на свеста за важноста на толерантно општество за создавање на поуспешна иднина за сите е од клучна важност за да се постигне ова. Тоа значи и поддршка за вклучување на жените на пазарот на трудот, борба за добри и правични работни услови и образовни можности исто како и откривање и спречување на структурна и секојдневна дискриминација и стереотипи засновани врз раса, сексуална ориентација или род.

Најнови вести и настани

02.11.2018 | Еднаквост и социјална правда | News

Улогата на младите во синдикатот

На 30ти Окомври, преку јавна дискусија на тема “Улогата на младите во синдикатите” беше презентирана Програмата, како и Акцискиот план за работа на...


повеќе

08.06.2018 | Еднаквост и социјална правда | News

Младите во синдикатите

Во периодот од 28-31.05.2018, Фондацијата Фридрих Еберт-канцеларија Скопје заеднички со Секцијата на млади при Сојузот на синдикати на Македонија...


повеќе

17.05.2018 | Еднаквост и социјална правда | News

Еднаквоста е важна!

Повеќе даноци, но само за оние кои може да си ги дозволат! Драган Тевдовски даде свои коментари на новата регионална студија за Нееднаквоста, на...


повеќе

FES Interactive

назад на почеток