На четвртото фестивалско издание се зборуваше за влијанието на пандемијата врз новинарството, медиумите и начинот на комуникација, но и за низа други трендови и предизвици во новинарската професија. Овогодинешната фестивалска програма вклучуваше филмови кои ја отсликуваат сегашната состојба во светот и истрајноста на човештвото, како и дискусии со медиумски професионалци од државата и светот.
Темата на фестивалот оваа година беше Солидарност – еден аспект од секојдневниот живот кој се покажа од суштинска важност во периодот на светската пандемија, а секако и движечка сила кога станува збор за заедничките предизвици и достигнувања исто така.
За првпат, програмата на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје оваа година целосно беше одржана онлајн поради околностите со памдемијата, а Фестивалската програма беше бесплатна и отворена за сите гледачи и широката јавност.
Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза),
1000 Скопје,
Северна Македонија