07.11.2019

Република Северна Македонија: Европски перспективи, Виена

На 15ти Октомври, канцеларијата за регионален дијалог на Фондацијата Фридрих Еберт, како и канцеларијата во Скопје, воспоставија соработка со Институтот Ренер вo Виена, со цел организирање на панел дискусија со Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, Стефани Спировска, претседател на Младинскиот едукативен форум во Скопје, како и Андреас Шидер, член на Европскиот Парламент и Претседател на делегацијата на Парламентарниот Комитет за приклучување на Северна Македоинија во ЕУ.

Точно пред клучната дискусија во Европскиот Совет, кој беше распореден да одлучува за стартот на пристапните преговори на Албанија и Северна Македонија, настанот во Виена го потенццираше постигнатиот значителен напредок на социјал демократската влада на Северна Македонија.

Д-р. Мариа Малтсхинг, Директор на Ренер Институтот, како и Ева Елерајтт, Директор на ФЕС Скопје, го отворија настанот, подвлекувајќи ја важноста на моментумот за Северна Македонија како и регионот да се доближат до Европската Унија. Оваа прогресивна реформска агенда кон европските вредности се должи на социјал-демократската посветеност и решителност. Прогресивните сили и организации од ЕУ, не само што манифестираа добредојде, туку истите покажаа силна поддршка во насока на оваа промена. Настанот овозможи навраќање на предизвиците и опсасностите во годините на криза, како и забележителната промена што новата влада ја обезбеди, почнувајќи од 2017 година.  Панелистите ја истакнаа неопходноста за позитивен сигнал од страна на Европската унија, со цел да се задржи оптимизмот и реформите во регионот.

Премиерот Зоран Заев реферираше за достигнувањата како што се Договорот за пријателство со Бугарија и промената на името на државата преку Преспанскиот договор, со што се надмина повеќедеценискиот спор со Грција. Но, владата на Заев исто така ги забрза реформите во сферата на социјалната и трудовата политика во Северна Македонија, како и идното членство во НАТО. Тој ја истакна моќта на желбата за членство во Европската унија, која беше услов за надминување на тешки и болни реформи. Надежта за започнување на пристапните преговори со Европската Унија е директно поврзана со досегашната реформската агенда . Повеќе од 70 проценти од граѓаните на Северна Македонија го поддржуваат членството на државата во Европската Унија, но доколку не постои напредок во оваа смисла, а и доколку Европскиот Совет не го препознае реформскиот напредок, популизмот и национализмот  повторно ќе земат замав во Западниот Балкан, со што ќе се стопира до сега постигнатиот успех.

Членот на Европскиот парламент Андреас Шидер, подвлече дека сите групи во Европскиот парламент како и Европската комисија го поддржуваат стартот на пристапните преговори, сега кога Северна Македонија ги испорача имплементираните реформи, па оттука Европската комисија треба да направи чекор напред во однос на тоа.

Стефани Спировска, претставувајќи ја младината на Северна Македонија, ја истакна нивната голема поддршка за Европската Унија и предупреди дека доколку не започнат пристапните преговори, оптимизмот ќе падне, со што многу млади луѓе ќе се обидат да се доближат до Европската Унија, преку напуштање на матичната држава.

Заклучокот на панел дискусијата беше да се зачува оптимизмот во регионот и поддршката за Европската Унија како и развојот на демократијата, преку започнување на пристапните преговори. Не постои неопходност од реформа на пристапниот процес во Европската Унија, а истата би требало да се спроведе паралелно со пристапните преговори. Без разлика на одлуката на Советот, работата што и претстои на Северна Македонија е веќе врежана. Но, пристапните преговори со ЕУ ќе бидат многу потребен катализатор, за да се забрзаат реформите и да се обезбеди нивна имплементација.

Тука следи Видео од настанот

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Ул. Борка Талевски 42/6
1000 Скопје
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org


назад на почеток