05.12.2018

Работна средба: Евалуација на теренската работа во рамки на пилот фазата од проектот “Гаранција за млади” во 2018

На 29ти ноември 2018, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје и Националниот Младински Совет на Македонија, се одржа работна средба на која учествуваа теренските работнички и работници вклучени во пилот фазата на проектот Гаранција за млади.

Во рамки на средбата тие имаа можност да ги презентираат и евалуираат нивните досегашни активности, како и да ги дискутираат можностите, придобивките и предизвиците со кои се соочуваат на терен. На крајот од работниот ден, беа креирани препораки врз основа на досегашните искуства, симулирани ситуации и конкретни примери, чија цел е да им ја олеснат работата на теренските работнички и работници кои ќе се вклучат во понатамошните фази од имплементацијата на проектот Гаранција за млади.

Проектот започна со реализација на почетокот на годината од страна на Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, Агенцијата за вработување и Националниот Младински Совет на Македонија, а ги опфати општините Гостивар и Струмица, како и град Скопје. Во идниот период, а по завршувањето на пилот фазата, се очекува проширување на проектот на територијата на целата држава. Гаранција за млади е активна мерка за вработување на млади лица која  се спроведува во државите од Европската Унија од 2012 година. 

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Ул. Борка Талевски 42/6
100 Скопје
Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org


назад на почеток