На конференцијата беше презентирана и публикацијата за заштита на критичната инфраструктура, чиј придонес се очекува да биде насочен кон подигнување на јавното мислење за потребата од ефективна заштита.
Конференцијата претставува завршен настан во рамки на проектот за значењето од заштита на критичната инфраструктура во Република Северна Македонија. На настанот се обратија министерката за одбрана, г-ѓа Радмила Шеќеринска, министерот за внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски, експерти, професори и претставници од институциите кои се занимаваат со темата. Министерката посочи на вистинскиот момент на отварање на темата, кога се носи новиот закон за одбрана, кој за прв пат го содржи и концептот на критична инфраструктура.
Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза),
1000 Скопје,
Северна Македонија