02.10.2018

Фондацијата Фридрих Еберт - канцеларија Скопје потпиша Меморандум за соработка со Владата на Република Македонија

Фондацијата Фридрих Еберт - канцеларија Скопје, на 23-ти август 2018-та година потпиша Меморандум за соработка со Владата на Република Македонија.

Премиерот Зоран Заев и директорката на ФЕС, Ева Елерајт, го потпишаа Меморандумот за соработка за време на посетата на членовите на германскиот Парламент. Овој Меморандум има за цел да поттикне интелектуална размена и истражување, како и да креира основа за соработка во одредени области. ФЕС и Владата на Република Македонија се обврзаа да соработуваат во областите на политиката на европскиот економски и социјален модел, надворешната и одбранбената политика и младината преку креирање и спроведување на приоритетите на политиката. Преку заеднички конференции, како и размена на експертиза меѓу истражувачите и експертите од институциите во Македонија и Германија, развојот на нови концепти и стратегии во конкретните области треба дополнително да се олесни. Овој Меморандум за соработка ја одбележува континуираната соработка помеѓу ФЕС Скопје и неколку министерства и институции во Македонија и Германија, а воедно ја нагласува посветеноста на ФЕС и на македонската Влада за поттикнување на политичка агенда заснована на европските вредности.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Бул. 8-ми септември 2/2-5
(Зградата на Гранд Плаза), 
1000 Скопје, 
Северна Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org


назад на почеток