ФЕС во Македонија

Нашите активности

Во својата работа, Фондацијата Фридрих Еберт се раководи според основните вредности на социјалната демократија: слобода, правда, солидарност и меѓународен дијалог. Оваа задача Фондацијата Фридрих Еберт ја следи и во Република Македонија, каде што има своја канцеларија уште од 1996 год., кога ги отпочна своите активности за поддршка на трансформација на државата во областите на граѓанско учество и активизам, социјален дијалог, пристапување на Македонија во Европската Унија и регионалната соработка во Западен Балкан.

Способноста да се поврзат клучните чинители и актери е особена предност на Фондацијата во областа на меѓународната соработка. Дијалогот, издаваштвото и програмите со отворени форуми и дебати во Македонија придонесуваат за квалитетна политичката анализа и дискусии во областа на политиката, социјалниот дијалог, образованието и родовите прашања.

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Ул. Борка Талевски 42/6
100 Скопје
Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org


Практикантство

Практикантство

Канцеларијата на ФЕС во Скопје редовно нуди позиции за практиканти.
more

назад на почеток