Политички дијалог и активности со граѓанскиот сектор

  • Фото: ФЕС Скопје

По дефиниција, политички дијалог се смета дека е „размена на гледишта, што претпоставува присуство на барем два ентитета” – понекогаш тие ентитети се политички партии, понекогаш организации на граѓанското општество, понекогаш се синдикати, и идеално може да бидат комбинација од сите три.

Соработката помеѓу различните видови на ентитети и материјализирањето и користењето на нивните заеднички концепти и стратегии често го дава својот краен резултат во форма на Социјална кохезија – процес кој е целосно поддржан од Фондацијата Фридрих Еберт во Македонија и во сите нејзини канцеларии насекаде во светот.

Политичкиот дијалог и активностите со граѓанскиот сектор се основните столбови кои доведуваат до функционална демократија и се процеси кои треба постојано да се негуваат и одржуваат во секое општество.

Најнови вести и настани

03.11.17 - 05.11.17 | Политички дијалог и активности со граѓанскиот сектор | Настани

Истражувачки филмски фестивал Скопје

Фестивалите се секогаш повод за прослава, и со првото издание на истражувачкиот филмски фестивал Скопје ние се обидовме да промовираме идеи, храброст...


повеќе


FES Interactive

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Ул. Борка Талевски 42/6
100 Скопје
Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org


назад на почеток