03.11.17 - 05.11.17

Истражувачки филмски фестивал Скопје

Фестивалите се секогаш повод за прослава, и со првото издание на истражувачкиот филмски фестивал Скопје ние се обидовме да промовираме идеи, храброст и потрага по вистината која никогаш нема да згасне.

Фото: ФЕС Скопје

Фондацијата Фридрих Еберт од Скопје, во соработка со ПИНА – Платформа за истражувачко новинарство и анализа, го одржаа првиот од ваков вид Истражувачки филмски фестивал во Македонија.

Иако да се посвети цел фестивал само на истражувачки филмови е доста модерен концепт, и ИФФС е секако првиот фестивал од овој вид во регионот, сепак прикажувањето на истражувачки стории на екраните е добро познат и добро прифатен метод на новинарско раскажување и известување. Документарните филмови и истражувачките приказни се често испреплетени, па дури и повеќе, успехот на овој вид на филмови како што се „Spotlight“ и „Citizenfour“ се доказ дека публиката е нетрпелива да го осознае процесот кој води до откривање на непријатните вистини и факти.

Улогата на новинарот никогаш не е изолирана од неговото опкружување, и буквално секој разговор, истражување, истрага е длабоко втемелено во општеството и секое прашање кое се поставува го носи нашиот свет понапред, независно дали влијае на милиони луѓе или му дава глас само еден единствен човек кој бил замолчен. Ете зошто веруваме дека овие проекции, работилници и дискусии на ИФФС се примамливи и за поискусните и за идните новинари, како и за публиката која е заинтересирана за прикази кои ја откриваат вистината. За првото издание на ИФФС одбравме во фокусот да бидат хероите помеѓу нас – укажувачите (свиркачите), храбрите лица кои предизвикуваат промени и многупати помагаат да се расветлат состојбите поврзани со сите сегменти на општеството.  

Фондација Фридрих Еберт Скопје

Ул. Борка Талевски 42/6
100 Скопје
Македонија

+389 2 3093-181 / -182
contact(at)fes-skopje.org


назад на почеток